Најскапа ПР објава: Српски “инфлуенсер“ здрви во бандера BMW вредно 120.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Денеска инфлуенсерите се многу важни за компаниите, сметаат дека со нивниот број на следбеници можат да промовираат повеќе и подобро некој свој производ. Но, понекогаш забораваат дека сите производи „не се мачкаат на леб“, туку за некои треба да се знае и како да се однесуваат и да го користат. Веројатно во иднина импортерот на BMW за Србија сериозно ќе размисли дали вреди на секого да му дава автомобил на тест.

Моделот M4 има 510 КС и чини 120.000 евра. До „стотка“ забрзува за 4,1 секунда. Вистински ѕвер. Арно ама еден неискусен инфлуенсер сметал дека добивајќи го овој редок примерок може едноставно да стисне на педалот на гаста – и да ужива. И уживал ама кратко, бидејќи брзо се забил во бандера.

Одлична реклама за него, бидејќи некој му дал толку скапо возило да го промовира, а и за брендот кој сигурно ќе ја плати најскапата ПР објава.

За среќа немало повредени освен материјалнат штета. Младата и влијателна личност на социјалните мрежи ќе мине само со казна од 20.000 до 40.000 динари (од 180 до 380 евра) како казна и два негативни поени. За штетата ќе треба да плати само 10 отсто бидејќи автомобилот бил каско осигуран.

Ако сметаат од BMW дека и лоша реклама е добра, тогаш во иднина сите вакви „инфлуенсери“ ќе бараат да возат се од баварската компанија. А дотогаш, секој што смета дека знае и може да вози вакви ѕверови прво треба да мине психолошки тест дали е подготвен за таков предизвик.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK