Најсимпатичниот концепт на Mazdа: Возило кое се отвара од патничка торба!

ОБЈАВЕНО НА:

Почетокот на деведесетите години од минатиот век беше навистина убаво време за Mazda. Со MX-5 компанијата од Јапонија имаше глобален хит, а во 1991 година ја освои и трката 24 часа Ле Ман со прототипот 787B sо мотори на Wankel.

Директорите на Mazda истата година осмислија и внатрешно натпреварување за своите оддели, а идејата беше да се креира необично возило.

Седум инженери во одделот „Тестирање и развој на рачни менувачи“ креираше одличен концепт. Се работеше за трицикл, кој се отвораше од патничка торба.

Имагинациската идеја беше да се користи на излез од аеродромите или железничките станици. На Mazda таа идеја толку им се допадна така што изгради уште два прототипови.

Моторот беше со еден цилиндар, со обем од 0.33-литри, двотактен со 1,7 коњски сили. Тоа беше доволно за 30 км/ч и до денес тоа е најбрзата патничка торба.

За отворање на 32 килограми патничката торба и претворање во возило била потребна само една минута. Еден од прототиповите уште е во возна состојба, а Mazda го чува опсесивно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK