Најмалото електрично превозно средство (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Превозното средство наречено Фрилајн-скејт, доби најнов претставник, кој се придвижува целосно на електричен погон. Моделот го носи името Drift W1 e-Skates и е производство на компанијата Segway-Ninebot.

Drift W1 e-Skates е најмалото транспортно електрично средство, а деимензиите му се едвај поголеми од обичните чевли. Уредите се два, а ги има по еден на секоја нога. Секое од нив тежи по 3,5 килограми.

Ова е нешто меѓу скејтборд и ролери, но со електрични мотори, а технологијата за управување е иста како и кај големите Segway.

Со едно полнење може да се движите 45 минути и тоа со брзина од 12 км/ч. Цената е 422 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK