Најмалото Аudi оди во историјата

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата од Германија, Audi сериозно размислуваат да го скратат живот на малото А1, откако се наоѓа на пазарот повеќе од 11 години. За тоа време беа видени две генерации на моделот, но се чини дека третата генерација најверојатно нема да биде покажана.
Ниските продажби на моделот како и високите трошоци за неговото производство не се оправдани пред оние на „братучедите“, од Sеаt, Skоdа и Vоlkswаgеn, што во пракса го „осудува“ A1 нa прекин…

На местото на најевтиниот автомобил во понудата на Аudi ќе се појави електричниот автомобил, кој може да го оживее А2 со нов дизајн и нови технологии. За потсетување, оригиналното А2 се појави на пазарот во 1999 година, а својот живот го заврши во 2005 година.

Оттогаш Audi неколкупати покажа концепти. Тоа најверојатно нема да се случи оваа година, но со сигурност во следните неколку години ќе може да се види наследникот на А2.

Доколку А1 биде запрен од производството годинава, тогаш основниот автомобил во понудата на германскиот бренд останува Q2, кој се радува на повеќе продажби поради повисокиот клиренс кој се нуди, како и поголемиот простор во споредба со малите димензии. Независно од тоа, појавта на малиот електричен автомобил понапред во времето е сигурно, како дел од електрификацијата кон која се стремат од Audi.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK