Најмалиот паркинг на светот се наоѓа во… (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Проблемите со места за паркирање не се присутни само во Македонија туку ги има и во голем број на други земји низ светот. Во еден од реоните на Бангкок, пак, се наоѓа и најмалкиот паркинг во светот.

Оние кои сакаат да го остават својот автомобил таму се принудени и на снаодливи потези за да можат да го направат тоа. Имаат мала помош во тоа што на задниот браник во вид на тампон се поставува стиропор за да не дојде до контакт при паркирање.

Покрај тоа на овој паркинг не е прифатливо возилото кое е паркирано да има крената рачна кочница за да може да биде поместена доколку се покаже како неопходно да се направи пат за друг автомобил.

Зошто овој паркинг во Бангкок е толку популарен кај возачите? Причината е едноставна, а тоа е еден од малкуте бесплатни паркинзи во главниот град на Тајланд. За користење на другите се плажа по 20 тајландски бати (околу 0,55 евра) на час, а тоа претставува многу голема сума за локалните жители.

Резултатот на крајот е што на овој паркиг, паркирање, како и истерувањето на автомобилите се претвора во вистинска игра на тетрис.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK