Најчести грешки при стартување на возилата во зима

ОБЈАВЕНО НА:

Зимата е годишно време кое задава најголеми проблеми за возачите особено за оние на возила со мотори со внатрешно согорување. Затоа е многу важно да се знаат неколку работи кои може да бидат од голема корист.

Има многу прашања кои си ги поставуваат голем дел од возачите, но одговорите на нив не ги знаат сите. Едно од тие прашања е за палењето на автомобилот во студените денови во годината, а тука има неколку грешки кои се прават.

Многу од возачите на моторни возила немаат навика да почекаат неколку секунди при вклучувањето на режимот ON и веднаш преминуваат кон втората фаза за дејство на стартерот. А тоа треба да се прави и тоа не само кај дизел возилата, кај кои во тоа време се загреваат грејачите.
Откако ќе завртите со клучот на првата положба (ако возилото не е со копче за палење) тогаш почекајте 2-3 секунди додека сијаличките на арматурната табла не се изгаснат. На тој начин ќе се даде можност на пумпата за гориво да повлече гориво.

 

Друга честа грешка е поврзана со возачите на автомобили со механички менувач. Многу од возачите го вртат клучот без притоа да притиснат на спојката. Притискањето на левиот педал е силно препорачливо бидејќи на тој начин го ублажува моторот со отстранување на менувачот од него. Во спротивен случај притисокот на стартерот е многу поголем бидејќи треба да го врти, покрај коленестото вратило и запчаникот на тркалата во трансмисијата, а таму маслото особено во зима е премногу густо.

Не го вртете стартерот премногу долго. Ако возилото не може да запали, побарајте ја причината. Стартерот не треба да врти повеќе од десет секунди, па обидите треба да се ограничат на 4-5 пати. Инаку, залудно им долевате гориво на свеќиците и тие може да откажат да дадат искра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK