Најбезбедните возила според IIHS за 2021 година – сите се од Азија

ОБЈАВЕНО НА:

Институтот за осигурување за безбедност на автопатите (Insurance Institute for Highway Safety) е непрофитна организација во САД, финансирана од компании за автоосигурување која меѓудругото се занимава и со спроведување на краш тестови на возилата кои се продаваат во САД.

Овој Институт направи и рангирање на најбезбедните возила за 2021 година. Рангирањето е направено врз основа на перформансите кои ги покажаа на спроведените краш тестови.

На првата позиција со “Top Safety Pick+” рејтинг се наоѓа Honda Accord. Со ваква квалификација е и Mazda 6. Доминацијата во однос на безбедноста и сигурноста на производителите од Азија ја продолжува и Subaru Legacy кој е на третата позиција.

Најбезбеден модел на Toyota на американскиот пазар е моделот Camry кој се наоѓа на позицијата број 5. Со највисок рејтинг за безбедност се и моделите Kia K5, Nissan Altima и Nissan Maxima.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK