Можеби чудно ама вистинито: Со Toyota Corolla поминал 2 милиoни километри

ОБЈАВЕНО НА:

За возилата на Toyota одамна е познато дека знаат да бидат долговечни и да изминуваат милиони километри, иако ретко се случува двапати да се „сврти одометарот“. Сепак, има и таков случај, а приказната доаѓа од Нов Зеланд каде Грем Хебли (72) има автомобил кој го поседува од 1993 година и со него минал два милиони километри.

Автомобилот и денес работи беспрекорно, а и Хебли верува дека неговиот автомобил веројатно „ќе работи вечно“.

Тој го купил автомобилот во 2000 година кога Corolla имала само 80.000 километри на бројчаникот. Бидејќи работи како доставувач на весници од 1968 година, брзо ја „зголемувал“ километражата на автомобилот. Шест дена во неделата патувал од Велингтон до Њу Плимут, на Северниот остров во земјата. Потребни се четири часа и 45 минути за да се патува во еден правец.

Неговата Toyota Corolla, која сè уште го има оригиналниот мотор и менувачот, минува речиси 5.000 километри секоја работна недела. За да ги држи работите под контрола, Хебли го сервисира својот автомобил на секои две недели. Механичарот Џон Шерман го потврди рекордот по долгогодишно сервисирање на Corolla.

„Да не работев на неа, немаше да верувам. Нема шанси да верувам дека може да мине два милиони без нешто да тргне наопаку“, изјави тој за New Zealand Herald. Џон Шерман ја припишува импресивната бројка на часовникот на доверливоста на постарите возила на Toyota, честите сервиси и постојаното одржување.

Тој тврдеше дека никогаш не видел ништо блиску до километражата на оваа Corolla, потсетувајќи дека најблиску бил автомобил кој поминал 700.000 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK