Модернизиран Trabant: Има 1,8 турбо мотор, ABS и ESP (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во минатото беше еден од најчесто среќаваните модели во Источна Европа. Денес има само мал број на примероци коишто успеале да преживеат и веќе го имаат добиено култниот статус. Еден од нив се враќа со силен блесок. Полски колекционер го опремил својот Trabant со 1,1 литарски мотор на Polo. После него доаѓа ред на поголема моторизација: 1,3 литри, после 1,8, па дури и 2,0 литри од Golf GTI. Во моментов достигнал највисоко ниво и има мотор од Audi TT.

Загреаниот фан на Trabant добива идеја да извлече повеќе коњски сили од моторот. Нема никакви проблеми да ја реализира, па 1,8 T е комбиниран со Quattro-системот.

Машината генерира 270 коњски сили при 5700 об/мин и максимален момент на вртежи од 369 Нм при 4500 об/мин. Има забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,5 сек, а за 15,5 секунди достигнува до 200. За да биде запрена целата таа мож се поставени оригинални дискови сопирачки од Audi. Ова возило Trabant дури е опремено и со идеално функционирачки ABS и ESP.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK