Место диск плочка на кочниците ставиле iPhone (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет секогаш може да се види нешто ново, но исто така и да се научи. Така од време на време може да се наиде и на многу интересни експерименти. Еден од нив е како овој кој може да се погледне во продолжение.

Авторите на видео снимката од каналот „EverythingApplePro” одлучиле да пробаат дали смартфоните на Apple можат да бидат добра замена за стандардните диск плочки за кочници.

Тестовите ги правеле со два модели – iPhone 4s и iPhone 5s.

Она што е уште поинтересно е дека експериментот го извеле на Porsche со зголемени дискови, а во видеото во продолжение можете да видите како сè се завршило.

Се разбира дека поумно е да се оди на сервис и да се сменат плочките. Ем побезбедно. И се разбира потешко е самите да ја направите смената.
А рекламата за IPhone е навистина одлична.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK