Mercedes W124 со 1,5 милиони км. со оригинален мотор и се уште работи како такси – 🎥

ОБЈАВЕНО НА:

За Mercedes особено оние постарите постои верување, што постојано се потврдува дека се многу издржливи автомобили и минување н амилиони километри не е невообичаено. Најчесто примероците на автомобили што се најдени имаат променето мотор или некој витален дел за да можат да се користат. Но, приказната за овој модел – Mercedes-Benz W124 е што е произведен во 1993 година, оттогаш поминал повеќе од 1,5 милиони километри, и се е оригинално.

Што е најневеројатно, автомобилот сè уште го има својот фабрички мотор и продолжува да работи непречено. Во исто време, автомобилот не се користи едноставно како секојдневно возило – тој работи веќе 15 години како такси.

Во изминатите 15 години автомобилот бил во Албанија, каде што сопственикот е таксист. И покрај прилично тешките услови за работа, со текот на годините е потребна само една поправка. Во исто време, тоа е сосема тривијално – за менување на заптивката на главата на цилиндерот.

До денес, автомобилот ја достигна речиси границата 1.584.589 километри. А сопственикот сè уште нема намера ниту да ја пензионира, ниту да изврши некоја посериозна поправка на неа.

Погледнете го прилогот на Дојче Веле за овој автомобил и неговиот сопственик. Можеби следното лето токму тој ќе ве вози ако решите да одите во Драч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK