McLaren F1 се продавa за 15 милиони долари – Вреди ли?

ОБЈАВЕНО НА:

Во САД се појави оглас со кој се продава автомобил McLaren F1. Станува збор за само еден од 106 произведени примероци, па тоа го искористи сопственикот да на огласот ја наведе и бараната цена од 15 милиони долари.

Во огласот не се наведени техничките карактерисики, особено поминатите километри. Според фабричката спецификација, овој модел се продавал само со еден мотор.

Оттука за придвижувањето на овој атрактивен автомобил се грижи 6,1 литарскиот V12 мотор кој продуцира 618 КС при 7.400 вртежи во минута и 650 Nm. До стотка забрзува за 6,3 секунди, според тестовите на Autocar магазинот.

Што се однесува до историјата на овој модел, истиот е дизајниран од Гордон Мареј и Питер Стивенс. Се произведувал во периодот од 1992 до 1998 година и тоа во Вокинг, Англија. За атрактивноста на овој автомобил говори и фактот дека примерок од истиот во својата гаража поседуваат Илон Маск, Роан Еткинсон, Џеј Лено, Џорџ Харисон, Ралф Лорен, Ник Менсон, Султанот на Брунеј…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK