Машина што крпи дупки на пат за 2 минути (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Единиците за итни поправки на патиштата вообичаено се состојат од три лица. Сепак, и за нив ќе има одмор или можеби и откази бидејќи Pythоn 5000 Pоthоlе Pаtсhеr нa кaнaдcкaтa кoмпaнија SupеriоrRоаds Sоlutiоns ја врши истата работа и тоа само со еден оператор.

Задачата на операторот е едноставна. Тој дури и не мора да влезе во кабината за да управува со целиот процес туку тоа може да го прави со џојстик.

Уникатната машина располага со опрема која го покрива целиот спектар од дејности од гледна точка на поправки на дупки на патиштата.

Pythоn 5000 Pоthоlе Pаtсhеr го чисти местото со многу силен притисок на воздух, за да го исчисти од сиот прав и нечистотии, а потоа поставува асфалт, го рамни и го натапкува. За целата постапка се потребни само две минути.

Идеален за нашиве улици. Само дали ќе може да ги закрши сите дупки?

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK