МАЛКУМИНА ЗНААТ: Ова се 4 трикови со безбедносниот појас што може да ви го спасат животот

ОБЈАВЕНО НА:

Кога влегувате во автомобилот првата реакција е да го искористите појасот за врзување. Тоа може да ви го спаси животот, но истовремено неговото користење е обврзувачко. Во спротивно, полицијата може да ве казни ако ве сопре.

Но, освен функцијата за спречување да „излетате“ при судар, што може да ви ги спаси животите во случај на сообраќајна несреќа, појасот има уште четири намени кои ќе ви го олеснат животот или ќе ви го спасат животот. Веројатно досега не сте занеле за нив. Сега сигурно ќе ви бидат од корист.

* Ако вашиот автомобил се расипе на место каде немате кој да ви помогне и да го турнете автомобилот, извадете го безбедносниот појас, притиснете го на вратата и прекрстете го преку градите и лесно ќе можете да го турнете автомобилот со вашата десна рака користејќи ја моќта на сопственото тело.

* Кога купувате автомобил, извадете го безбедносниот појас докрај до крај, бидејќи таму јасно се гледаат некои ознаки како мувла, што може да укаже дека автомобилот бил во вода и дека е кородиран од влага.

* Можете да го проверите датумот на производство на автомобилот на дното на ременот на задното седиште. Потоа споредете го со податоците на совозачката врата. Ако датумите не се совпаѓаат, автомобилот можеби учествувал во сообраќајна несреќа и му бил заменет безбедносниот појас.

* Четвртиот трик кој малкумина го знаат може да ви го спаси животот доколку се најдете во опасна ситуација и не можете да ја отворите вратата од автомобилот. Со удирање на стаклото со металниот дел од ременот, можете да го скршите прозорецот на автомобилот и да излезете од возилото.

Затоа треба да внимавате и д аго одржувате безбедносниот појас, и постојано да биде функционален.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK