Луда приказна: Го уапсила полиција бидејќи го учел кучето да вози автомобил!

ОБЈАВЕНО НА:

Можеби приказнава ќе ви делува како првоаприлска шега, но она што ќе го прочитате не е никаква шега. Полицајци во главниот град на САД, Вашингтон долго ќе се сеќаваат на лудната потера во која учествувале. Мета им бил бел Buick Park Avenue кој чудно се движел по празниот пат.

Полицајците тргнале во потера, а Buick забрзал до 170 км/ч. Кога го стигнале возилото останале шокирани од глеткта. Возачот управувал, а во неговиот скут седел огромен питбул. Осомничениот се обидел да побегне со вртење кон велосипедската патека која во тој момент за среќа била празна.

Полициската патрола која доаѓала од спротивниот правец поставила мрежа со шилци и кога возилото минало преку нив потерата била готова, а автомобилот завршил во грмушките во близина. Кога полицајците конечно стигнале до возилото и прашале кој е проблемот на возачот тој им одговорил дека го учел кучето да вози.

Се работело за дресер на кучиња. Го очекува сериозна казна, која нема да биде блага бидејќи покрај тоа што го учел кучето да вози, тој го управувал автомобилот под дејство на алкохол.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK