Крал на една од најсиромашните земји купи 19 Rolls-Royce за неговите жени

ОБЈАВЕНО НА:

Мсвати III кој е крал на една од најсиромашните африкански држави Свазиленд (минатата година името променето е во Есватини) купи ни помалку ни повеќе туку 19 Rolls-Royce автомобили.

Во земја каде БДП по глава на живот изнесува 5.807 долари, а 69% од жителите живеат во сиромаштија при што стапката на невработеност изнесува 40%, Мсвати направи потег кој наиде на критика кај сите.

Тој се реши да ги купи овие Rolls-Royce автомобили за потребите на неговото семејство кое го сочинуват 15 жени и 23 деца, пренесува медиумите во Јужна Африка.

Претходно, овој крал нарача и 120 BMW автомобили и тоа за пторебите на неговото потесно семејство и најблиските соработници. Некои медиуми откриваат и дека колекцијата на Мсвати III сочинува и ултра луксузен Maybach S600 Pullmans, Maybach 62, BMW X6, BMW X3 итн.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK