Концепт на Aston Martin стар 40 години ќе се обиде да „дигне“ 322 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Aston Martin е еден од најбрзите автомобилски марки, може така да се каже. Британската компанија има во продажба некои од најмоќните и најбрзите автомобили вклучувајќи ги и „ракетите“ како што се Valkyrie, Valhalla и Vulcan. Всушност, тоа беше така со децении со еден од првите обиди на Aston Martin да произведе вистински брз автомобил, што датира уште од 70-тите години од минатиот век.

Тоа е времето кога беше претставен и Aston Martin Bulldog концептот. Среден од Вилијам Таунс, кој исто така го дизајнираше оригиналниот DBS уште во 60-тите години, како и Lagonda Series 2, возилото што беше дизајнирано не само како прототип, бидејќи првичната идеја вклучуваше кратка производствена линија од 15 до 20 автомобили.

За жал, поради високата цена на проектот за Aston Martin Bulldon, беше склопен само еден примерок и беше тестиран за постигнување на најголема брзина, и во 1981 година достигна 191 милји на час (307 километри на час). Сега Classic Motor Cars (CMC) од Брињорт сака да ja постигне првичнaтa цел на Aston Martin, и да развие 200 милји на час (322 км на час).

Bulldog има 5,3-литарски V8 мотор под поклопецот кој работи со два турбополначи Garrett и производуваат 600 КС (447 киловати). За време на реставрацијата, CMC ќе работи во соработка со некои од оригиналните инженери на автомобилот и доколку тимот не може да пронајде дел од деловите што недостасуваат, ќе ги произведе на лице место.

Искрено со нетрпение очекуваме да видиме како ќе тече реставрацијата и дали навистина овј 40 годишен концепт може да развие 322 км/ч. Можеби тоа ќе биде причина некој да се заинтересира, па и да влезе во производство во некоја ограничена серија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK