Колку топки за голф собира во багажникот на SEAT Tarraco (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Seat објавија дека моделот Тarraco бил избран за „Идеален автомобил“ од страна на голфери и професионални индустријалци за време на 11. издание на Spanish Media Cup.

Меѓу главните заслуги беа посочени како секојдневната применливост, така и функционалноста за време на практикувањето на нивниот омилен спорт.

Од главно значење за оценката бил капацитетот на товарниот дел на автомобилот. Покрај тоа компанијата од Шпанија спровела и еден интересен експеимент за да ги покаже параметрите во багажникот на СУВ моделот.

Со капацитет од 760 литри и можност за зголемување на употребливиот волумен до 1920 литри после спуштање на задниот ред на седишта, во багажникот на Seat Tarraco се собрани вкупно 8500 топки за голф. Секоја од нив има дијаметар од 4,27 сантиметри и тежина од 45,93 грама.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK