Колку може да поминете со потрошени сопирачки?

ОБЈАВЕНО НА:

На секого му се има случено да треба да ги менува сопирачките на својот автомобил. Едни го прават самите, други пак во автомобилските сервиси, но вака или онака системот за сопирање е само потрошен материјал, кој мора да се проверува и да менува на одредено време. Тоа е особено важно за безбедноста.

За оваа цел поголемиот дел од автомобилите имаат сензор кој со помош на светлосната индикација му соопштува на возачот дека гуртните (перничињата) на сопирачките треба да се променат. Знаете ли колку долго откако ќе светне сензорот можете да го возите автомобилот без проблеми? Причините за тоа се различни.

Едни чекаат додека земат плата, други немаат време, а трети се далеку од довербата на сервис. Како и да  има многу причини кои треба да се знаат. Од моментот во кој сензорот ќе ве предупреди за сопирачките можете без проблеми да поминете уште околу 1000 километри.

Секако, тоа зависи и од начинот на кој возите, но дури и да сте поаграсивен возач, возете внимателно со сензорот за светло и сменете ги гуртните колку можете побрзо. Ако, пак немате истрошени гуртни, тогаш провете ги сопирачките веднаш што почувствувате и најмали проблеми во однесувањето на автомобилот при кочење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK