Кој вели дека тие незнаат да „згазат на гаста“: Девојка бегала на полицијата со Mustang па се „здрвила“ во дрво

ОБЈАВЕНО НА:

Невообичаена вест доаѓа од Канада која ги руши стереотипите за жените возачи. Додека мажите секојдневно се дел од лудории на патиштата, женската застапеност во ова ја брани 20 годишна девојка од Канада.

Како што пишуваат канадските медиуми, полицијата забележале Ford Mustang како се движи со 73 км/ч на места каде било дозволено максимални 40 км/ч.

Веднаш потоа полицијата зпаочнала потера по овој автомобил па по неколку километри бркотница во предградие на Ванкувер девојката е фатена откако се удрила во дрво. Во оваа сообраќајна незгода покрај девојката, повредени се и двајцата други патници, а за разлика од нив, 20 годишната канаѓанка ќе добие и соодветна пријава.

Полицијата во соопштение ја окракатеризира оваа девојка како крајно незрела и упати апел до младите да ги почитуваат сообраќајните правила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK