Кој автомобил може најдолго да издржи на резерва?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе ви светне сијаличката дека горивото е веќе на резерва имате уште извесен број на километри што можете да ги минете. Современите автомобили веќе самите даваат информација за тоа уште колку километри може да бидат поминати со останатото гориво во резервоарот, но тој податок често може да биде неточен. Оттаму возачот не може целосно да се потпре на тие информации.

Колку километри, кој автомобил може да помине откако ќе се вклучи сијаличката за сигнализација пред сè зависи од стилот на возењето, конфигурацијата на патот, типот на автомобилот, погонското гориво, но значајно е и од кој производител е.

Со тој проблем се занимаваше и екипата на сајтот„Compare The Market“ која тестираше 96 модели од 26 различни производители за да може да утврди кој автомобил има најголема автономија на прочуената „резерва“ и на основа на тоа направија просек за секој производител.

Направија конечна листа со по пет најдоби и најлоши брендови кога е во прашање автономија на „резерва“ и кај секој издвоија и одреден модел кој посебно се истакнува.

НАЈЛОШИТЕ ПЕТ

KIA – не се премногу сигурни кога е во прашање автономија во Јужна Кореја, барем не во редовите на оној „помалиот“ претставник на авто-индустријта на оваа земја. KIA има просечна автономија од 74,1 километри, а низок просек во многу го „должи“ на моделот Picanto кој може да помине само 51,7 км на резерва.

Mitsubishi – уште повеќе ќе изненадите ако сте сопственик на овој јапонски бренд. Нејзините модели во просек имаат домет од 71,6 километри.

Porsche – ако сте зад воланот на 911, лесно ќе биде најбрзи на патот, но ако ви се запали сијаличната тогаш брзо ќе побарате бензинска пумпа. Просекот на овој бренд е 70,2 км.

FIAT – автомобилите во просек имаат автономија од 66,7 километри со гориво на резерва. Тој просек кон долу посебно го „влече“ популарниот градски модел 500, кој има домет од само 59,7 км.

MINI – ако сте слаби со нервите, а често ви се пали сијаличката, последниот автомобил кој би сакале да го имате е MINI. Популарниот англиски производител ви овозможува само 60,38 км на „резерва“.

НАЈДОБРИТЕ ПЕТ

BMW – во првите пет е популарниот премиум од Баварија чии возила имаат просечна автономија „на сијаличката“ од 87,3 километри. Шампионот во самата куќа е Серија 5 со 110 км.

Volkswagen – на 4. место  е гигантот од Волфсбург со просек од 87,6 км. Најголема автономија има Passat, кој може да помина 120 км, по што е рекордер меѓу поединечните брендови.

Lexus – третото место на подиумот неочекувано го заземал премиум подбрендот на Toyota. Меѓу другите, моделот RX може да покрие 88,4 км само со гориво на резерва.

Ford – вицешампион според километражата кога се пали сијаличката е пионерот на современата авто-индустрија. Со Ford автомобилите во просек можете да поминете 88,4 км на резерва, а најверодостоен модел е Mondeo со домет од 112 км, а во чекор го следат S-Max и Galaxy.

Volvo – ако барате автомобил со кој ќе имате најмалку грижи доколку уште имате време да пронајдете бензинска пумпа, тогаш купете Volvo.

Просечната километража на автомобилот на шведскиот произедувач на резерва е 94,7 километри. Најголемата автономија меѓу поединечните модели има V40 кој само на „резерва“ може да помине 113 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK