Kои се најкрадените автомобили во Европа – VW како бренд, BMW X6 како модел

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на минатата година кражбите на автомобили во Германија паднаа до историско ниво на минимум, но и покрај тоа тие продолжуваат, а крадците најмногу ги крадат германските автомобили. Во другите делови од Европа оваа тенденција исто така опстојува, а интерес кон германскиот премиум не опаѓа. И покрај тоа во 2020 година најукрадениот бренд е Volkswagen, но осигурителните компании предупредуваат дека највисок е ризикот за СУВ и луксузните автомобили.

BMW X6 e најкрадениот модел во Европа. Голем ризик има за сопствениците на автомобили Fоrd, Mаzdа, Lаnd Rоvеr, Pоrsсhе и Tеslа. Теренците се особено популарни меѓу крадците на автомобили. Ризикот од крадење на автомобилот во Европа станува сè помал. Статистиката покажува дека процентот е 2,4 на 1000 осигурени автомобили.

Cпoрeд GDV – германската асоцијација на осигурителната индустрија – бројот на осигурени автомобили во Германија има доживеано пад за 5% до 13.229 автомобили. Ова е најниската пријвена бројка во земјата. Падот на крадењето на автомобили во Европа особено на многу нови модели, делумно се должи и на подобрените мерки за безбедност, кои ги прават новите премиум автомобили помалку ранливи од танакаречените електронски достигнувања.

Просечната цена на украдениот автомобил во Еврппа е 19.600 евра. Вкупната цена на сите возила украдени во Европа во 2020 година (според вредноста на осигурување) е 1.264.000 евра. Треба да се одбележи дека сите статистички податоци вклучуваат само автомобили кои се осигурани од крадење.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK