Кои авто брендови најмногу „се гуглаа“ во 2020 година (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Toyota, покрај тоа што е најпродаваниот бренд за 2020 година, е и најпребаруваниот бренд на Google за минатата година. Според студијата спроведена од страна на Compare the Market, јапонскиот производител минатата година успеа од тронот да го тргне BMW кој беше најпребаруваниот бренд за 2019 година.

Toyota е најпребаруван бренд во 55 земји, од вкупно анализираните 158 земји што претставува 34,8%. Така, меѓудругите земји, Toyota е најпребаруван бренд во Австралија, Нов Зеланд, Русија, Исланд, Јапонија, Швајцарија, Албанија, Косово…

BMW е вториот најпребаруван бренд кој е број еден во 34 земји, а убедливо најпребаруван во Европа. Така овој бренд доминира во Германија, Холандија, Шпанија, Велика Британија, Португалија, Норвешка, Хрватска, Австрија, Словенија, Грција и Македонија, покрај другите земји.

Ford е најпребаруван во Канада, САД, Саудиска Арабија, но и изненадувачки во Турција. Peugeot доминира во Франција, а Audi е најпребаруван бренд во Белорусија и Полска. Италијанците уште еднаш го докажуваат својот патриотизам и остануваат верни на Fiat, а вистинско изненадување е доминацијата на Alfa Romeo во Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK