Како би изгледал електричниот Jeep Renegade според македонскиот дизајнер Дејан Христов (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Македонија нема авто индустрија, не произведува патнички возила, но затоа има неколку независни дизајнери кои се доволно храбри да ги претстават нивните видувања за тоа како би можел да изгледа некој модел. Еден од нив е Дејан Христов кој и претходно имаше што да каже на оваа тема. Многу попознат по некои свои претходни дизајни и видувања, а секако се сеќаваме на Yugo BEV.

Електрификацијата ќе игра многу важна улога во иднината на марката Jeep. Целосно електричниот Wrangler наскоро треба да се појави, а Дејан Христов веќе размислува и го замислува помалиот електричен теренец од Jeep – Renegade.

Се разбира ова се неофицијални рендери и дизајни, но Македонецот го замислил овој целосно електричен џип како наследник на сегашниот Renegade, модифициран за да го направи поспособен по тешките теренски патеки од постоечкиот модел.

Предниот дел вклучува класична решетка на Jeep со седум вертикални летви, додека има и кружни фарови кои се наоѓаат над помалите светла за магла. Маската исто така го привлекува вниманието благодарение на големата моќна испакнатост и отворите за воздух. Напред има и мала шипка заедно со сребрена лизгачка плоча.

Jeep Renegade by Дејан Христов

Има агресивен дизајн и кај тркалата кои самите се обвиткани во цврсти теренски гуми. Поставени се и странични скали, како и пар мали крилни ретровизори.
Обликот на покривот е многу квадрат, како и страничните прозорци, што му дава на Renegade BEV совршен дизајн.

Она што го прави теренецот да даде уште подраматична изјава е задниот дел каде што резервното тркало е на задната врата и е надополнето со аголни LED задни светла.
Ако и најмала дел од овие цртежи бидат прифатени, тоа секако ќе биде огромен успех. Но, најважно е да се има сопствена визија.

Ако досега не сте се сретнале со дизајните на Дејан Христов, можете да ги погледнете на Behance

Ако Yugo беше електрично – низ скиците на Македонецот Дејан Христов (ФОТО)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK