Кинески мотоцикл за сите оние кои не можат да си дозволат камион

ОБЈАВЕНО НА:

Добро познато е дека кинеската авто индустрија е најбогата и најголема во светот. Тука не мислиме само на автомобилите како продукт на оваа индустрија туку и на мотоциклите и сите останати хибридни возила.

Така еден од несекојдневните изведени хибриди се мотокиперите кои на некој начин се спој на мотоцикли и камион-кипер. Овие возила познати и под името трицикли се наменети за сите оние кои имаат потреба од кипери, а при тоа немаат доволно финансии за истите да си ги дозволат.

Едноцилиндричниоте мотори со 175 cc имаат моќ од 20 КС, а максималната брзина која може да ја постигнат изнесува 60 км/ч. Доколку сакате да бидете иден сопственик на ваков трицикл тогаш ќе треба да издвоите речиси три илјади американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK