Ќе сјае како нов: Најдобрите совети за чистење на автомобилот

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сакате да направите големо чистење на својот автомобил, што е сосема природно, убаво да знаете неколку добри предлози. Најдобрата работа во врска со листата која ќе можете да ја видите во продолжение е таа што повеќето работи кои ви се потребни веќе ги имате во својот дом.

Не треба да купувате скапи препарати. А и онака времето почнува полека да се стоплува што значи дека станува идеално за чистење.

Следуваат десет предлози, кои е убаво да се знаат.

  1. Природно средство за чистење седишта и патосници

Решете се од темните, валкани и калливи флеки на навлаките и патосниците со помош на ова природно средство:
измештајте оцет и сода бикарбона така што ќе добиете паста. Оваа паста втријте ја на проблематичното подрачје со помош на четкичка за заби, сочекајте целосно да се исушти, а потоа вшмукајте.

2.Користете маслиново масло за полирање на кожа и чистење инструмент таблата
Повеќе не морате да користите токсични спрејови и марамчиња за да ја исчистите инструмент таблата. Потребно ви е само малку маслиново масло и крпа за да може кожните делови и инструмент табла во вашиот автомобил да изгледаат сјајно и целосно ново.

3.Трик за собирање на влакната од домашните миленици
Подобро од кое било вмшмукување! Сипете вода во шише со спреј и благо напрскајте ги седиштата. Веднаш, земете крпа за чистење огледала и прозорци и поминете преку седиштата. Ќе видите дека ќе ги собере сите влакна.

4.Исчистете ја прашината со помош на сунѓереста четка или со четкичка за сликање
Овие четки се одлично решение за чистење на прашина во отвори и околу копчињата на автомобилот. За да биде сè екстра чисто, додека бришете прашина истовремено вмшмукајте ја со правосмукалка.

5.Природен освежувач за автомобил

Веднаш фрлете ги во ѓубре оние токсични освежувачи кои ви висат на ретовизорот и направете домашно природно средство. Измешајте сода бикарбона и некое етерично масло во тегла, на чиј поклопец ќе се направат неколку дупки. Оставете ги на подот или на некое сигурно место во автомобил. Ова средство ќе ги елиминира сите непријатни мириси, а вашиот автомобил ќе мириса посвежо како никогаш.

6.Шофершајбна без дамки и линии

Доволно е да ги избришете бришачите на вашиот автомобил со обичен алкохол и така сте го решиле проблемот со извалканото стакло.

7.Оцет и весници за чисти шофершајбни

Сипете оцет во шише со спреј, напрскајте ги прозорците и оставете да отстои неколку минути, а потоа избришете ги со весници. Звучи лудо, но вашите прозорци ќе бидат блескаво чисти.

8.Сјајно хромирани тркала

Измешајте вода и оцет во еднакви делови и сипете во шише со спреј. Напрскајте ги тркалата, а потоа избришете ги со крпаи ќе можете да се огледате во нив.

9.Природно средство за чистење тркала

Измешајте вода и сода бикарбона така што ќе добиете паста, втријте ја на трката со четка, а потоа исперете ги. Вашиот автомобил ќе изгледа како малку пред тоа да го има напуштено салонот за продажба.

10.Добро, старо, органско перење на автомобилот

Зошто би оделе во перална и би платиле некој да ви го пере автомобилот со автомобилски хемикалии? Земете некој природен течен сапун направен од растително масло и измешајте го со малку вода за да направите сапуница. Преминете го автомобилот со сапуница, испетете го и подготвени сте да тргнете на пат во вашиот потполно чист автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK