Какви воздушни перничиња не чекаат во иднина (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mercedes го претстави експерименталното возило на кое ги испитува новите системи за безбедност, вклучувајќи и некои нови типови на воздушни перничиња.

Концепциското возило „Experimental Safety Vehicle“ е базирано на последната генерација на СУВ моделот GLE и е опремено со технологии и системи кои произведувачот од Штутгарт планира да ги вгради во своите продукциски модели во иднина.

Овој автомобил е замислен како целосно автономно возило, кај кого во самоозачкиот мод, воланот и педалите за команди со нозе се вовлекуваат во командната табла односно во подот со што се смалува ризик за повреди во случај на судир. Воланот кој се вовлекува исто така им овозможи на инженерите возачкото воздушно перниче да се смести во командната табла.

Напредната технологија „Active Brake Assist” овозможува детекрирање на пешаците или велосипедистите кои доаѓаат од зад аголот (странично во однос на возилото) и тоа пред да се најдат во видното поле на возачот.

Ако системот процени дека контактот е неизбежен, возачот прво добива аудио и визуелно предупредување, а доколку не реагира на време се активира автоматска кочница. Mercedes го унапреди и системот за предупредување за надоаѓање на други возила од страна, а осмисли и мало роботско возило со триаголник кој ги предупредува другите возачи за сообраќајна несреќа.

Ова возило во случај на сообраќајна несреќа автоматски се спушта на патот со задниот дел од каросеријата и се движи наназад. На тој начин другите учесници во сообраќајката навреме ќе бидат известени за сообраќајката, што е значително корисно во случај возачот да е онеспособен да излезе од автомобилот и рачно да го постави трокутот.

Меѓу експерименталните безбедносни содржини кои Mercedes ги испитува на овој автомобил се и централното странично воздушно перниче за патниците на задните седишта.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK