Како најбезбедно да ги возите вашите деца во автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

После голем број на фотографии од неправилно возење на децата во автомобилите се причина за да се поделат совети за тоа како во неколку чекори да се обезбедат децата и нивното возење да биде што е можно побезбедно.

Седиштето за автомобил е најважниот дел од опремата за дете во возило, а за оние постари од 12 години неопходно е да бидат правилно врзани.

Некои возачи/родители се премногу сигурни во своите возачки способности, па та ја занемаруваат положбата на детето во автомобилот, како и сериозноста на проблемот поради некористењето на седиштето. Во сообраќајот не сте сами па така и туѓа грешка може да ви донесе проблеми за вашето дете.

Важно е да сфатите дека детските седишта се конструирани така што пред сè даваат заштита на детето во моментот на судирот. Истражувањата покажаа дека дури 50 проценти на деца помали од пет години кои смртно настрадале во сообраќајна несреќа било поради тоа што не биле врзани или не биле правилно врзани во седиштето.

Особено внимание насочете на тоа сите деца пониски од 150 сантиметри со закон мора да седат на задно седиште, додека пониски од 135 сантиметри мора да бидат во автоседиште. Пред да тргнете и на најкраток можен пат децата мора да ги сместите позади бидејќи истражувањата покажаа дека ставањето на детето на задно седиште ги намалува можноста од повреди и смрт повеќе од 30 проценти.

Уверете се дека седиштето е правилно прицврстено и дека детето адекватно сте го сместиле во него, но и дека појасите се врзани правилно. Така ќе спречите и скокање на детето по автомобилот, што исто така се покажа како лоша практика бидејќи на тој начин на големо се пречи на концентрацијата на возачот.

Децата кои не мораат да бидат сместени во автоседиште мора правилно да бидат врзани со појас, но и да им се оневозможи отворање и затворање на вратата и прозорецот. Кај поголемиот дел од автомобилите го има безбедносниот систем ‘Child Lock’, но треба да се научи да се користи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK