Како изгледа воздушно перниче за електрични тротинети и скутери (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од проблемите на возачите на скутери, па сега и на електрични тротинети е што во случај на инцидент, судар со возило најчесто повреден е токму возачот. Но, изгледа и тоа во иднина ќе се намали, иако секогаш на прво место е потребата од внимателно возење во сообраќајот.

Autoliv, снабдувачот на системи за безбедност на моторни возила, и Piaggio, производител на скутери и мотоцикли, работат заедно на развој на воздушно перниче за моторизирани превозни средства на две тркала. Воздушните перничиња ќе треба да се интегрираат во шасијата и да се отворат во рок од милисекунди.

Autoliv ги разви првите концепти со алатки за симулација и изврши големи тестови за несреќа. Autoliv сега сака да соработува со Piaggio Group за понатамошен развој на производот и понуда на концептот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK