Како изгледа верижен судар на 70 возила (ВИДЕО)

Точно 69 возила учествуваа во верижниот случај кој се случи во неделата на мост во Вирџинија.

Локалната полиција соопшти дека околу 7:51 часот на мостот Квинс Крик, источно од Ричмонд, поради подмрзнат коловоз се случила сообраќајна незгода во која учествувале 69 возила.

Во овој голем верижен судир полесно се повредени 18 лица, еден патник има сериозни повреди и се наоѓа во живото-загрозувачка состојба додека пет патници се со сериозни повреди, но надвор од животна опасност.

Инсерти од оваа сообраќајка можете да погледнете во продолжение.