Како e откривање авто радиото?

ОБЈАВЕНО НА:

Историјата на автомобилската индустрија крие бројни тајни, а една од нив е и настанувањето на авторадиото. Тоа се случило пред точно 90 години, а најголемите заслуги им припаѓаат на Вилијам Лер и Елмер Вејвринг.

Во 1929 година, младите двојки сакале да одат на романтично возење по мрачните нерамни патишта, кои често завршувале со нежни прегратки под ѕвезденото небо. Често така и најдобрите пријатели Вилијам Лер и Елмебер Вејвринг оделе во природа со своите девојки, но нешто на тие дружења им недостигало.

Им здозадил сувопарниот звук на моторот кој за време на зимските денови морал да биде запален за да може во автомобилот за во него да биде колку-толку топло. Една вечер една од девојките зборувала дека би било убаво кога би можеле и да слушаат музика, а тоа многу им се допаднало на двајцата неразделни пријатели. Размислувале и заклучиле дека би можеле да се обидат да вградат еден таков уред во автомобилот.

Кратко потоа тргнале во проект. Пред нив бил долг пат бидејќи иако оваа приказна изгледа едноставно, пред 90 години тоа не било нималку лесно. На рака им одело тоа што биле меѓу ретките кои во своите домови имале радио уреди, па ракувањето со нив не им било чудно.

Проблемите ги решавале еден по еден и откако успеале планот успешно да го имплементираат во автомобилот вградиле радиоприемни, а својот производ одлучиле да го претстават на радискиот собир во Чикаго, каде го запознале Пол Галвин, основачот на компанијата Motorola. Изумот на двајцата пријатели му се допаднал, па им го отстапил местото во својата фабрика за да можат побрзо да го усовршат својот производе.

После ова веќе е добро позната историја во која Пол Галвин со своето знаење успеа со голем успех да го претстави авто радиото пред светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK