Како да заштедите пари при купување на користен автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку сакате да профитирате кога купувате автомобил тогаш е многу подобро да си купите возило старо три години отколку ново. Повеќето од овие автомобили веќе не се на лизинг, но поважно е и тоа дека многу од овие автомобили се продаваат за 40% поевтино од оригиналната цена.

Кај автомобилите кои се со старост од седум до девет години, може да има значителни отстапки бидејќи кривата на амортизацијата е речиси рамна. Mеrсеdеs-Bеnz Е-Klаssе oд 2014 година се продава за помалку од третина од цената како нов. Тоа важи и за другите слични автомобили од таканаречените премиум брендови.

Eкcпeртитe oд Nеrdwаllеt велат дека кога станува збор за гаранции за употребувани автмобили тие се силно препорачливи. Тоа значи дека автомобилот е прегледан и неисправните компоненти и агрегати се поправени или се заменети со нови.

Бидете подготвени да патувате за да најдете автомобил. Не барајте само во најблиските автокуќи. Возилата увезени во земјите од Балканот од појужни региони на Западна Европа се позачувани, а тоа не важи за јужните делови од Италија. Доста се избегнуваат автомобили од овој регион бидејќи таму и доста се враќа километражата. Но, дури и од земји како Германија, Авгстрија, Белгија и Холандија треба да се внимава зошто и таму веќе знаат како да ги искористат сите предности и да бараат повисока сума на пари.

Побарајте автомобили кои не биле ремонтирни. Обично се продаваат за помалку пари, но во многу случаи оригиналните делови се посигурни, и покрај тоа што се амортизирани. Секогаш гледајте ја историјата на возилото. Ако таа покажува, дека тоа е автомобил под наем и такси тогаш веројатноста од голема амортизација е голема.

Ако, сепак, сакате таков автомобил, тој многу поверојатно е да го земете директно од компанијата за автомобили под наем или од такси компанија. Најверојатно ќе го најдете поевтино. Секако погледајте низ огласниците, споредете како се движат на различни места. Секоја информација е добредојдена и од тоа ќе зависи и колку ќе заштедите и колку квалитетно возило ќе купите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK