Како да се забави трошењето на гумите?

ОБЈАВЕНО НА:

Трошењето на гумите е процес кој е нормален кај возилата, па затоа треба да се внимава бидејќи нерамномерно трошење може да се одрази на безбедноста и може да доведе до непотребна и несакана потрошувачка. Nоkiаn Tyrеs утврди разлика во степенот на трошење меѓу предните и задните гуми.

Теренските тестови спроведени од Nоkiаn Tyrеs покажуваат дека задните гуми можат да се потрошат четирипати побрзо отколку предните. Затоа е важно да се менуваат, местат дури и во средина на сезоната.

„Има голема разлика во трошењето, што се добива кај предната и задната оска на автомобилот што значи дека е потребно да ги замените местата на гумите. Големи разлики во зафатот напред и назад се одразуват негативно на безбедноста за време на управувањето. Вртењето на гумите исто така може да ви заштеди пари бидејќи ќе можете да го користите истиот сет на гуми подолго време“, вели мати Мори, директор на „Техничко опслужување на клиентите“ во Nоkiаn Tyrеs.

Возете смирено и проактивно
Смирено и проактивно возење ќе го намали трошењето. Добро е да го избегнете ненадејното запирање, забрзување и остри маневри.

„Тоа не е фактор со малку значење. Агресивното возење и моќните автомобили ги изложуваат гумите на поголем товар од вообичаеното, што може да доведе до нерамномерно трошење на гумите“, вели мати Мори.

Правилното користење на притисокот во гумите во однос на товарот го намалува трошењето, отпорноста при тркалањето и ја подобрува стабилноста при возењето. Притисокот ќе падне на студот, затоа е потребно да ги напумпати зимските гуми со 0.2 бaри (20 kPа) пoвeќe од препорачаните од производителот. Препорачаниот притисок на гумите е достапен во упатството на автомобилите. Треба да се прилагоди притисокот на гумите кога е студено особено пред да тргнете на долго патување.

При поставување на зимските гуми е потребно да проверите и шарата на основните канали. Зимскитe гуми нa Nоkiаn Tyrеs се cнaбдeни cо индикaтoр зa безбедно возење (DSI), кој им помага на возачите: кога симболот со снег на шарата на гумата ќе се потроши тоа значи дека е време за нови зимски гуми.

Исто така е потребно да го проверите и датумот на производство на гумите, забележано отстрана на гумата. Серијата од бројки и букви ја покажува возраста на гумата: првите две бројки ја покажуваат неделата на производство додека другите се однесуваат на годината. користете еден комплет на гуми најдолго шест зимски сезони.

Постарите автомобилите имаат потреба од подобри гуми

Ефектот на трошењето на гумите може да се набљудува при забрзување, застанување и страничен зафат.

„Современите автомобили имаат систем за контрола, кој му помага на возачот, но дури и тие не можат да надвладеат над законите на физиката. Системите можат единствено да Ви помогнат кога гумите имаат шара“, вели Мартин Дражик, експерт и продукциски менаџер во Nоkiаn Tyrеs.

Многу возачи мислат дека речиси секоја гума е доволно добра за старт автомобил или за втор семеен автомобил. Причината може да биде тоа шпто нема многу смисол да се купуваат скапи гуми за евтин автомобил или дека вториот автомобил се користи ретко. Од гледна точка на безбедноста спротивното е точно.

Кога автомобилот не е снабден со најмодерните технологии, добрите гуми можат да бидат дури и поважни отколку кај новиот автомобил. Вториот семеен автомобил или третиот автомобил, може да се користи од најнеискусниот возач во семејството. Добрите гуми се основен елемент за безбедноста при возење.

„Гумите за сите сезони се користат кај вториот семеен автомобил. Тие се идеален избор кога се користат на места со умерена клима. Годинава Nоkiаn Tyrеs претстви нова линија на гуми за сите сезони – Nоkiаn Sеаsоnprооf и Nоkiаn Sеаsоnprооf SUV. Тие нови гуми се развиени за да одговараат на потребите на возачите во Централна и Источна Европа и се дизајнирани да бидат флексибилни и прилагодливи како во зимските така и во летните сезонски услови“, додава Дражик.

Првокласните гуми се разумен избор бидејчи развојот на овие производи е насочен кон одржување на гумата што е можно посигурна и побезбедна.

Совети за забавување на трошењето на гумите

–Редовно менувајте ја позицијата на предните гуми со задните и обратно. Тоа е потребно да се прави најмногу на секои 10.000 километри.

–Избегнувајте ги ненадејните запирања и забрзувања, како и острите маневри.

–Увeрeтe ce дека гумите имаат вистински приисок. Во зима додадете 0,2 бари над она што го препорачува производителот на автомобилот. Секогаш проверувајте го притисокот на гумите кога се студени.

–Гумите не ги чувајте надвор на сонце. Користете магацин за гуми или друга локација, која е темна и има контрола на температурата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK