Како да го подготвите автомобилот за пролетта

ОБЈАВЕНО НА:

Студеното време е веќе далеку зад нас. Олабавуваат и мерките за движење па сега и луѓето повеќе ќе се движат и ќе ги користат своите автомобили. Пролетта е веќе длабоко навлезена, а сонцето е секојдневен пријател. Ако досега не сте го подготвиле возилото за потоплите денови сторете го тоа побрзо.

Долгите прекини во користењето на автомобилот можат да доведат до намалување на нивото на батеријата и дури и до тенка рѓа поради влагата на влошките и сопирачките. Затоа од компанијата Michelin даваат совети како безбедно да се подготви автомобилот после зимата.

Се разбира едно убаво и темелно миење секогаш е добредојдено на надворешноста и во внатрешноста на автомобилот. Добро е да се знаат неколку совети што треба да се направи кога доаѓа пролетта.

Совет 1: Измерете го нивото на батеријата
Акумулаторот на автомобилот се празни при долго стоење бидејќи кога моторот не работи, алармниот систем, бравите на вратите, функцијата за отворање без клуч и навигацискиот систем продолжуваат да работат „невидливо“ од заден план. Како резултат на тоа се троши енергија дури и кога автомобилот е паркиран.

После само две недели неактивност може да се случи, моќноста на батеријата веќе да не е достапна за стартување на моторот. Батеријата е во добра состојба, кога притисокот е меѓу 12,4 и 12,7 волти. Затоа измерете го нивото на акумулаторот на вашиот автомобил во редовни интервали.

Совет 2: Заменете ги гумите
Замената од зимски со летни гуми е одложена од страна на многу возачи годинава. И покрај тековната криза, многу работилници се отворени. Смената е силно препорачкива во следните две недели така што е навистина непотребно да се користат зимските гуми. Меѓудругото независно од километражата, автомобилската гума не треба да се вози повеќе од десет години.

Совет 3: Прочитајте го притисокот на воздухот во гумите
Пред тргнете со „свежи“ поставените летни гуми, притисокот на воздухот секогаш треба да се проверува. Оптималниот притисок како за летни, така и за зимски гуми се определува од страна на производителот на автомобилот. Тоа може да се најде на пример во инструкциите за експлоатација или на вратите на возачот и предните патници.

„Општта препорака е да го проверите притисокот во гумите на секои четири недели и да го корегирате, ако е неопходно. После подолг временски период  уште поважно да го проверите“, велат експертите за гуми од центарот на Michelin за обука и информација. Студените температури, непријатните услови за паркирање и најмногу прекумерниот товар покажуваат влијание над гумите бидејќи ако тежината на автомобилот ги притисне гумите низ долгиот претстој тие може да се деформираат. Тоа се одразува на односот при возење и води кон други нешта, до влошено однесување при возење и до посилен шум. Ако се појави таканаречената „стоечка плочка“, таа не може да биде лесно отстранета. После тоа е неопходна посета на сервис за да се процени точната состојба на гумата од специјалист.

Совет 4: Проверете го нивото на маслото
Возачите треба да го сменат маслото на секои 15.000 до 20.000 километри. Точната информација може да биде најдена во упатството на секое возило. Повеќето возачи кои патуваат меѓу 10.000 и 15.000 километри годишно, треба да го сменат маслото на приближно секоја година и пол до две години.

Нивото на маслото од друга страна треба да се проверува секој месец особено после подолги периоди на неактивност. Возачите кои се долго на пад или изминуваат кратки растојанија особено често треба да го следат нивото на масло на моторот.

Совет 5: Запрете лесно неколкупати пред да тргнете на пат
Со долгиот работен век, многу нечистотија често се наталожува на дисковите на сопирачките. На поставата исто така има лесна рѓа, што води до крцкање. Ако запирате лесно неколкупати при стартување, таа автоматски ќе исчезне. Како дополнување, потребно е добро миење. Ако крцкањето продолжи, тогаш посета на сервис е многу препорачлива.

Совет 6: Поставете летни гуми сами?
Возачите кои сами ги чуваат или дури ги монтираат гумите, исто така е добро да се поврзат со експертите за гуми во нивниот реон бидејќи летните гуми, кои ќе бидат монтирани, може повеќе да не ја гарантираат неопходната безбедност. Можно е постарите гуми да имаат озонски пукнатини на страничниот дел, шарата може да е истрошена или да има нерамномерно искосување на гумите.

„Ете зошто, секогаш воинтерес на безбедноста, секоја гума треба да биде професионално најдоцна после шест години“, велат експертите за користење на гуми на Michelin. Последните четири бројки од DOT бројот на страната на гумта претставуваат информација за возраста на гумата. Тие ја именуваат годинта на производство од 2000 година, на која претходни двоцифрена недела на производството (WWYY). На пример краните бројки на DOT “4719” покажуваат дека гумата е произведена во 47 недела од 2019 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK