Како да ги смените бришачите во три чекори? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во време кога има многу дожд, снег, ниски температури тогаш многу често страдаат брисачите на возилото, а тие се еден од деловите коишто секогаш треба да бидат во исправна состојба и да функционираат беспрекорно. Токму поради тоа е многу важно брисачите да се заменат за да нема намалена видливост.

Новите брисачи не смеат да се употребуваат на „суво“ односно за првите чекори на брисачите секогаш мора стаклото да биде испрскано со вода за да можат гумените лизгачи кои го чистат стаклото да се разработат.

Затоа е важно да знаете како да ги замените брисачите.

  1. Кренете го брисачот од шофершајбната и притиснете го копчето на механизмот кој се прицврстува на металните стапови кои влегуваат на гумените брисачи за да можете да ги симнете. Секогаш купете одговарачки брисачи кои се произведени за вашиот автомобил (важен е начинот на прицврстување и должината на брисачите која мора да биде точна).
  2. Земете го новиот брисач и вметнете го со лизгање на металниот носач.
  3. Клучно е копчето на брисачот кое треба да се стисне, а кога ќе успеете во тоа тогаш лесно вратете го брисачот на неговото место на шофершајбната.


ВАЖНО Е ДА СЕ ЗНАЕ
Новите брисачи не смеат да се употребуваат на „суво“ односно за првите движења на брисачите на шофершајбната задолжително треба да се испрска со течноста за да можат гумените лизгачи кои го чистат стаклото да се разработат и да се прилагодат на подлогата. Направете го тоа со некоја друга течност, а не со онаа за перење на шофершајбната бидејќи додека таа не го попрска стаклото брисачите веќе ќе направат неколку чекори на суво.

Секогаш пуштете неколкупати на „мокро“ да го избришат предното стакло и работата околу замената е веќе заршена. Добро проверете дали носачите успеале да се најдат во лежиштето на новите брисачи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK