Истражување: Kружните текови ги намалуваат сообраќајните незгоди за 50%

ОБЈАВЕНО НА:

Последно во низата истражувања за сообраќајната безбедност покажува дека кружните текови имаат позитивно влијание врз безбедноста на сообраќајот.

Според истражувањето спроведено во Холандија, кружните токови го намалуваат број на сообраќајни незгоди за 50%. При тоа и бројот на повредени во овие сообраќајни незгоди е намален за околу 70%.

Бројките покажуваат и дека бројот на повредени патници во возилата е намален за 95%, бројот на пешаците за 89% додека на велосипедистите за 30%.

Во слични истражувања спроведени во Германија и Шведска, заклучоците покажуваат слични резултати. Така во Германија тие ги намалуваат сообраќајните незгоди за 44% додека во Шведска за 47%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK