Истражување: Кои возила имаат проблем со `рѓата!

ОБЈАВЕНО НА:

Појавата на корозија на возилото во голема мера зависи од регионот во кој се користи автомобилот, но и од квалитетот на сервисирањето после дефекти и од начинот на одржување од страна на сопственикот. Некои модели не се така добро подготвени за да се борат со рѓата.

Оттаму интересен е еден рејтинг со возила што најмногу рѓосуваат на секундарниот пазар. Се работи за класификација која е составена во Германија после истражување на стотици сервиси, прекупци и трговци на користени автомобили.

Како што може да се очекува, мислењата се поделени. Сепак, неколку модели кои се популарни и на Балканот најчесто се споменувани како примери за слаба антикорозивна заштита на патничкиот простор.

Mercedes-Benz С-Klasse W203 (2000-2007)

Проблемите на Mercedes-Benz што се појавуваат на крајот на 90-тите на минатиот век и на почетокот на новиот не се тајна за никого. Кородира дури и знаменосецот на брендот во тоа време S-Klasse W220.
Според експертите случајот со W203 е уште потежок. Каросеријата на C-Klasse е офарбата квалитетно и има дебел и еластичен слој на лак, но самиот метал не е поцинкуван, па порано или подоцна, но задолжително тоа води до појава на корозија. Ако проблемот не биде совладан навреме, малиот Benz се здобива со изгниени браници, врати и прагови, а поправката не е евтина.

Mazda 6 GG (2002-2008)

Стремежот за штедење на квалитетот на челични и материјали за фарбање оставил свој белег и на првата генерција на „шестката“. Перфорираните браници, кафеавите прозорци и рѓосаната хауба се доста честа ситуација. Ранливоста од корозија се должи на недостатоокт од слој на цинк, недоволна вентилација на шуплините, множество места на кои се задржува нечистотијата и традиционално тенкиот лим.

KIA Sorento (2002-2009)

Корејскиот СУВ со класична рамка, дизајниран првенството за пазарот во САД, е добар автомобил но има и недостатоци. Металот, особено под пластичните украси на каросеријата, кои се во изобилство, не издржува на целата нечистотија во големиот дел на процепи. Кородираат сите врати, вклучувајќи го и багажникот, а во автомобилите од првите години на производство и покрај добриот изглед проблеми има кај праговите и браниците.

Mazda3 BK (2003-2009)

Помалата сестра на Mazda6 ја брка самодовербата за ранливост од рѓа, особено автомобилите произведени до крајот на 2006 година. Без редовна обработка со антикорозивни препарати на бојата набраниците, праговите, долниот дел од вратите и багажникот редовно се појавуваат меурчиња. Гребнатинките почнуваат да рѓосуваат буквално за неколку недели, а корозивни гнезда се појавуваат на делот каде е заварен имот, а козметичките мерки не ја спасуваат ситуацијата и бараат посериозни поправки.

Mitsubishi Outlander CW (2006-2013)

Најпродаваниот автомобил, благодарение на кој Mitsubishi успеа да ја преживее најголемата криза од своето создавање, изгледа дури и модерно. За жал, металот, од кој се изработени каросериите и покривката со лак не се особено квалитетни. Не е случајно што јапонскиот кросовер и неговите клонови со логото на Peugeot и Citroеn често се поправаат под гаранција. Ако проблемите кои се појавуваат не бидат отстранети навреме тогаш рѓата брзо се зголемува. Најмногу подложни на коризија се предниот дел од шофершајбната, предниот капад, рабовите на браниците и вратите.

Hyundai Sonata EF (2004-2012)

Еден од недостатоците на овој цврст и комфорен автомобил е слабата антикорозивна заштита. Слабо место е целата каросерија: крилата, праговите, вратите, багажникот, рамката на шофершајбната, подот…

Nissan Pathfinder (2005–2012)

Последниот претставник на моделот со класична рамка изгледа сурово и брутално, но каросеријата не може успешно да ја спречи корозијата. Рѓата на рамката е најмалиот проблем на Pathfinder. Најранливи се багажникот, подот, крилата, покривот… Кај раните примероци се појавувала рѓа и на рамката на шофершајбната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK