Историја на логото на Alfa Romeo – Змија што каснува човек (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Со навршувањето на 110-тиот роденден на Алфа Ромео на 24 јуни компанијата ќе издава слики и архивски материјали, кои ќе се враќаат назад кон историјата. Една од нив е еволуцијата на амблемот на брендот на кој има змија, која има каснато не нешто друго туку човек!

Официјалната историја за потеклото на логото не враќа кон првите денови на компанијата во 1910 година кога Alfa е запишана со големи букви како кратенка на Anonima Lombarda Fabbrica Automobili (Lombard Automobile Factory, Public Company).

Романо Катанео, еден од дизајнерите на Alfa бил на Пјаса Кастело во очекување на трамвај, додека ja гледал амблемската кула Филарете, окото веднаш му застанало на грбот на семејството Висконти, кое доминирало во средновековното Милано. Заедно со колегата инженер Џузепе Мероси развиле различни верзии, меѓу кои двајцата пријатели решаваат дека најубедлива е со змејот Бихон од едната страна и амблемот на градот МИлано, црвен крст на бела позадина на другата.

Симболот на змејот (змијата) бил на штитот арапскиот лидер Волус, убиен од член на семејството Висконти за време на крстоносните походи. Според друго мислење, змијата е земјот Тарантасио, кој живеел во езеро околу Милано во средниот век. Змејот имал одвратна навика да јаде деца и говеда, додека еден Висконти на крајот не успеал да најде сили и храброст да го убие.

Двата симболи се со сина рамка со натпис „ALFА“ и „MILANO“ во горниот и долниот дел со малку замислено јаже меѓу нив со савојски јазли во знак на почит кон потеклото на италијанското кралско семејство. Оригналното лого е актуелизирано во 1913 година при промената на натисите во белос со злато плус фини промени на јазлите и змијата.

Во 1915 година Никола Ромео презема контрола над компанијата и го додава своето презиме кон логото, oбраќајќи се на A.L.F.A. со исти букви, но без точки. Во 1925 година ја бележи првата светска победа на Гран При натпреварувањата. Трофејот го освојува со победи на белгиското и италијанското Гран При. За да се одбележи оваа пригода, ловоровиот венец беше додаден кон логото до 1945 година.

Втората светска војна ја остава зад себе Италија целосно разрушена, а фабриката на компанијата е во рушевини. Во непосредбата повоена ера, брендот се префли кон поедноставно лого со две бои.

До 1950 година масовното производство се обновува и логото одново е со повеќе бои, со релативно потенко претставување на ловоровиот венец. Така останува до 1960 година кога Alfa Romeo се префрла од метал кон пластика за амблеми продолжувајќи без прекин кон поедноставен дизајн.

Alfa Romeo ја отвори фабриката во Неапол во 1971 година за да го изгради моделот Alfasud и поради тоа го снема Милано од логото заедно со цртичката во „Аlfa-Rome“ Тоа се случи во 1972 година. Во оваа верзија човекот (или детето) кое е проголтано е обоено со црвена боја, што го прави лесен заклучокот за оние кои не го знаат потеклото на логото да мислат дека змијата плука оган или има триаголен јазик.

Во 1982 година значката беше ажурирана уште еднаш, а натписите и акцентите се изменија во златни. Притоа исчезна ловоровиот венец.

Последното ажурирање беше направено во 2015 година со пуштање на новата Giulia. Како и за многу современи логоа, најновото е вежба за минимализам. Границата меѓу половинките Милано и Висконти ја нема. Змијата е помала со две помалку криви во формата. Крунатавеќе е линија со три точки над неа, а позадината е моногроматска со мрежа. Дури и во едноставна форма Alfa Romeо, сепак, го покажува горниот дел наторзото на тој несреќен човек во устата на змејот, ужасна слика што не може да одговара на оние на кој било друг автомобилски производител.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK