ИСТОРИЈА: Bugatti Type 57 Atlantic – направени се само четири, преживеале три (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во „ZeitHaus“ (куќа на времето), на „Autostadt“ во Волфсбург има една икона на спортски автомобили, а тоа е Bugatti Type 57 Atlantic. Мистериозната историја на луксузниот модел од 30-тите години на минатиот век е интересна.
„Ништо не е претерано убаво, ништо не е премногу скапо: генијалниот автомобилски дизајнер Еторе Бугати, се раководи целиот живот според оваа девиза“ и тоа го докажува ова Bugatti Type 57 „Atlantic“, заземајќи посебно место во легендарната колекција на Bugatti.

Тип 57 Атлантик е направен во само четири примероци, три од нив успеале да преживеат до денес. Ознаката Атлантик е дадена на купето во чест на авијатичарот Жан Mермоз, кој загинува во 1936 година при обид да го прелета Атлантскиот океан. Стилот на Type 57 Atlantic е изведен од моделот Aerolithe Type 57 C од 1934 година. Од него ја има примено карактерната гребен горна линија, која продолжува од капакот на покривот кон задниот дел.

Постоела техничка причина за оваа издаденост – употребената алуминиумско-магнезиумова легура, не можела да биде заварена туку само прицврстена со нитни. Со пуштањето на Type 57 Atlantic две години подоцна, оаа веќе технички излишна карактеристика на дизајнот мутира во едноставно негов елемент. Решеткaта на ладиникот изгледа похармонично од тие кај Aerolithe, пропорциите остануваат драматични со долг капак и заоблен покрив, наклонет наназад.

Bugatti Type 57 Atlantic со своите сензуални пропорции, оживеани форми и намален раскош претсетавува репертоар на формите во стил Арт Деко како речиси секое друго возило. Техничките привлечности на нашината по ништо не отстапуваат од визуелните – 3.3-лиратскиот мотор со осум цилинтри и компресорско полнење обезбедува можност од околу 200 коњски сили. Тоа значи максимална брзина од барен 200 км/ч и е навистина неверојатна бројка.

Само четири атомобили ја напуштиле фабриката и сите имаат богата историја. Првиот Type 57 Atlantic, единствениот без компресор е доставен до банкарот од Лондон, Баронот Биктор Роштилд. Тој автомобил претрпува оштетување на моторот во 1941 година и потоа паѓа во рацете на колекционер од САД во 1971 година. Денес се наоѓа во музејот за автомобили Mullin во Калифорнија.

Вториот автомобил, познат како „La Voiture Noire“, му припаѓа лично на Еторе Бугати Жан, а служи како фото и изложбен модел. Сепак, уште во 1941 година трагата му е загубена. Се тврди дека автомобилот е испратен во Бордо за да биде однесен на безбедно место далеку од германските окупациски сили, но може да е уништен за време на овој транзит.

Третиот тип 57 Atlantic, доствен до претприемачот од Париз, Жак Холцшу, а неговиот втор сопственик Рене Шатард загинува при тешка несреќа на премин на железница во 1955 година. Автомобилот се чувал со години, а а неговата обемна реставрација почнала после повеќе од една деценија подоцна. Денес автомобилот е во перфектна состојба.

Четвртиот модел е изграден две години после сестринските модели, поточно во 1938 година и првично му е продаден на тенисерот од Велика Британија, Ричард Б. Поуп. Од 1988 година тој се наоѓа во сопственост на Ралф Лорен, основач на истоимената компанија за луксузни производи.

Со својата компактна во тоа време исклучително модерна и моќна форма, Type 57 Atlantic продолжува да го инспирира дизајност на спортски автомобили и денес особено на брендот Bugatti. Гребенот стана стил за дефинирање, а Type 57 Atlantic наскоро инспирираше две уникатни случувања – компактна и речиси непозната студија со V8 мотор од 2015 година и „La Voiture Noire“, покажан во 2019 година кој се продава за 19 милиони евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK