Инфосистемот на Mеrсеdеs ќе нуди квизови на долги патувања, и уште…

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Mеrсеdеs сакаат да ја засилат емоционалната врска меѓу возачите и нивните автомобили. Од април натаму постепено ќе се воведува нова форма на адресирање на автомобилите на автоконцернот. Во иднина инфосистемот на MBUX ќе контактира со возачот на „ти“ место на официјалната форма „Вие“.

Асистентот на Mеrсеdеs ќе може да одговара и на прашања за семејството: „Здраво, Mеrсеdеs, како е снегот во Самнаун (aлпcкo ceло во Швајцарија)?“.

Функцијата веќе е интегрирна во инфосистемот на автоконцернот. Покрај тоа, технологијата ќе може да информира и за метеоролошките услови во определени реони и тоа на неколку јазици. Тоа вклучува и информација за нивото на снегот во популарните ски зони, како и колку ски лифтови се на располагсање и колку се во употреба.

Исто така MBUX cиcтeмaот ќе одговара и на лични прашања за хороскоп. Како дополнување, технологијата ќе располага и со различни квизови на гeoгрaфcки тeми, како на пример главните градови во светот, што би требало да ги направи долгите патувања позабавни.

Со новите услуги на инфосистемот се дополнуваат функциите, поврзани со забава, кои го поддржуваат возачот за време на возењето. Како дополнување кон гласовниот асистент, MBUX вклучува и навигација со технологија за збогатена реалност. Иновацијата се изразува во визуелна слика на околината со цел да се обезбеди подобра и повородостојна информација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK