И уште вози: Lexus поминал 1,6 милиони километри за 22 години

ОБЈАВЕНО НА:

Сопственик на 22-годишен Lexus LS400 од Калифорнија може да се пофали дека со оваа лимузина од Јапонија успеал да помине речиси 1 милион милји што е еднакво на 1,6 милиони километри. Сопственикот на овој Lexus е Мет Фара, кој го управува каналот на YouTube, под име The Smoking Tire.

Фара веќе има импресивна колекција на автомобили, вклучувајќи го и Ford Focus RS и модифицираните Mustang и Mercedes SL500 L129. Пред неколку години тој станал сопственикот на веќе споменатиот Lexus за само 1500 долари.

Вој тој момент возилото имало поминато 1.435.200 километри, а новиот сопственик сакал да дојде до 1,6 откако претходно ги сменил маслото и свеќичките.

Рекордниот LS400 имал пет сопственици во историјата. Освен неколку мали механички проблеми тој јапонски автомобил им служел верно на сите, а моќниот V8 бензинец и автоматската трансмисија не покажуваат никакви знаци на слабост.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK