И боите имаат ранг листа – Кои бои се „cool“ ако купувате нов автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку купувате автомобил и се прашувате која боја на автомобил би ја избрале тогаш добро е да се знае дека и кај боите има листа на рангирање односно треба да се знае кои се на врвот на листата кога се бираат возилата.

Според анализите од компанијата Axalta Coatings доколку одберете бела, црна, сребрена или сива тогаш сте целоно „cool“. Доколку одберете зелена или жолта тогаш сте во проблем бидејќи тоа се бои кои се тотално непопуларни.

И понатаму во светот кај купувањето на нови автомобили убедливо најпопуларна е белата боја за која се одлучиле дури 29 проценти од купувачите. Во Африка секој втор нов автомобил е во бела боја (сосема разбирливо поради високите температури), но белата боја е високо застапена на сите пазари, но само во Индија белата не е на врвот туку се наоѓа зад сребрената.

Втора на топ листата на популарност е црната боја за која се одлучиле 19 проценти од купувачите на нови автомобили. Црната боја посебно е омилена во Кина во која е на првото место со 24 проценти, но во висок процент од 21 процент црната боја е популарна и во Европа. Црните автомобили во Индија ги купуваат само четири проценти.

Третата боја на листата на популарноста е сребрената за која се одлучиле 14 проценти од купувачите на нови возила во светот. Веднаш потоа следува сивата боја со 12 проценти, а најмногу ја  сакаат во Европа (16%) додека најмалку во Јужна Америка (4%). Црвената боја е најпопуларна во Мексико и Северна Америка каде што процентот е 12, додека на глобално ниво е 9%.

ТОП ЛИСТА НА ПОПУЛАРНИ БОИ НА АВТОМОБИЛИТЕ ВО СВЕТОТ

1.Бела– 29 %

2.Црна – 19 %

3.Сребрена – 14 %

4.Сива – 12 %

5.Црвена – 9 %

6.Сина – 6 %

7.Беж – 5 %

8.Жолта и златна – 3 %

9.Други бои – 2 %

10.Зелена – 1 %

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK