И автомобилите добија „смарт“ клуч (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Новата генерација на Nissan GT-R има високотехнолошки „паметен“ клуч, а тој е изработен од тимот на чело со креативниот директор Дени Бирнсајд. Овој клуч не само што ќе може да ги отвора и затвора вратите, туку ќе нуди и ред други користи функции.

Овалното тело на уредот претставува екран со сензор, кој може да префрлува меѓу неколку режими за покажување на информации.

Во главната положба, тој ќе извести дали е заклучен автомобилот, а ќе покажува и дали е заклучен автомобилот, а ќе го покажува и часот во кој е стартуван моторот.

Со помош на „паметниот“ клуч сопственикот на возилото ќе може не само да го стартува моторот, туку и да ја контролира температурата во салонот. Уредот ќе покажува информација за состојбата на горивото и за нивото на маслото. Тој исто така ќе го потсети возачот, кога треба да го посети сервисниот центар.

Клучот располага и со стандардни копчиња за отворање и затворање на вратите и багажникот, а исто така и да дава сигнал, ако сопственикот не може да го најде возилото на паркинг.

Новата генерација на Nissan GT-R ќе се појави до 2025 година, а освен со „паметниот“ клуч супер автомобилот ќе биде опремен и со други модерни технологии. Се очекува возилото да добие и хибриден погон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK