Hyundai Motor со дигитален клуч ќе ги стартуваат автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Motor Group објави дека компанијата има развиено дигитален клуч, кој ќе им дозволи на сопствениците на автомобилите да ги отклучуваат и стартуваат моторите на своите автомобили без притоа да имаат потреба од класичен клуч.

Новата дигитална технологија на Hyundai Motor Group, која ќе биде воведена во сериските претставници на Hyundai и Kia уште во текот на оваа година, го идентификува корисникот и автоматски го конфигурира возилото на база на претходно внесени податоци, па на тој начин дополнително се подобрува неговата функционалност и се олеснува употребата на автомобилот од неколку лица.

Работењето со дигиталниот клуч на Hyundai Motor Group се остварува преку апликација за мобилен телефон, а како идентификатор може да се користат и четири мобилни телефони во исто време. За комуникација меѓу возилото и мобилниот телефон се користи технологијата NFC (Near Field Communication). Сензорот е интегриран во рачката од вратата на возилото.

После отклучувањето на автомобилот, стартувањето на моторот може да се направи со поставување на мобилниот телефон врз површината на инсталацијата за безжично полнење и притискање на копчето Старт/Стоп.

Кога дигиталниот клуч ќе биде препознаен од борд системот тој дава наредба за местење на ретровизорите, седиштата и воланот, како и на аудио-навигацискиот систем, проекцискиот head up екран и други.

Дигиталниот клуч може да биде користен исто така и за контрола од дистанца за заклучување и отклучување на вратите, активирање на алармната инсталација, стартувњето на моторот и други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK