Honda ги научи автомобилите да „гледаат“ низ ѕидови

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Јапонија, Honda ја демонстрираше работата на новиот систем за безбедност чија цел е да се намали бројот на несреќи на раскрсниците.

Во основата на Smart Intersection се четири камери кои се монтирани на секој агол од раскрсницата, кои ги снимаат сите објекти на растојание од 91 метар. Сликата се пренесува на компјутерска платформа, каде со помош на софтвер изработен од компанијата се создава 360 степена слика за теренот и се класифицираат превозните средства и другите движечки објекти (пешаци и велосипедисти).

Соодветната информација се предава до автомобилите, кои се поврзани со системот, а борд компјутерот ги декодира податоците и изведува аудиовизуелни предупредувања, со што му помага на возачот да ги прими правилните дејствија за избегнување на судирите.

Тоа им дозволува на автомобилите буквално да гледат низ ѕидовите на зградите, независно од метеоролошките услови, што го прави преминувањето на раскрсницата побезбедно. Според статистиката до 40 проценти од инцидентите во САД се случуваат на раскрсницата при што загинуваат 7000 лица секоја година.

Пилот стартувањето на системот, развиен со поддршка на властите во американскиот град Мерисвил во Вашингтон, кој стана дел од проектот 33Smart Mobility Corridor, во рамки на кој ќе биде создадена зона за безбедно движење на беспилотни возила, кои се поврзани со мрежата на превозни средства на 56 километри на магистралата 33. Засега Honda не споменува дали планира да го тестира системот и во други земји во светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK