сабота, 25 јули, 2025 година

Gullwing на аукција после 60 години заборав во гаража (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Центарот за класични автомобили на Mercedes-Benz во Калифорнија ќе го стави на аукција 43. произведен примерок од легендарниот модел 300 SL Gullwing. Автомобилот претстојувал шест децении во гаража, но е целосно опремен и во апсолутно оригинална состојба.

Во 50-тите години на минатиот век тогашниот сопственик на автомобилот решава да ја реставрира каросеријата. Во 2018 година Mercedes-Benz го откупува за 1 милион долари.

- Advertisement -

Сите детали за автомобилот, вклучувајќи ги и панелите на каросеријата, стаклата, внатрешноста, гумените делови, па дури и гумите Englebert Competition, се оригинални.

Зачувана е дури и рачката на менувачот „гуска на вратот“ со кој се опремени првите 50 примероци од моделот. Со ова возило се поврзани 57.000 километри.

Mercedes-Benz ќе го понуди автомобилот за продажба во сегашниот изглед на саемот во Есен за неколку недели.

Ако купувачот посака да го реставрира во специјалното одделение на производителот, ќе треба да плати околу 800.000 долари.

Минатата година Mercedes-Benz го обнои производството на каросериски панели за 300 SL Gullwing. Сопствениците на класиката од Штутгарт исто така можат да си порачаат оригинални навлаки од високо квалитетна волна.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја