Го снимиле дека вози пребрзо па се обидел да ја запали камерата

ОБЈАВЕНО НА:

И ова е можно – австријец се обиде да ја запали камерата откако го снимила дека вози многу повеќе отколку ограничувањето.

Неименуваниот 54 годишен државјанин на Австрија на локален пат во близина на Росенхајм возел 200 км/ч иако било дозволено само 60 км/ч. Поради тоа по неколку километри бил сопрен од полицијата и веднаш казнет.

Бесен тој се вратил на местото кде што е камерата, ја паркирал колата и од багажникот ја извадил бушалката на батерии. Откако направил оштетување на камерата тој не застанал тука. Ја полил камерата со бензин и се обидел да ја запали. Во истиот тој момент за негова несреќа дошла полициска патрола која го сопрела во неговата намера.

За овој негов обид добил 1.500 евра казна како и додатни 600 евра за пребрзо возење. Исто така полицијата му изрече и три месечна забрана за управување со моторно возило.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK