Го фатиле како вози за време на полициски час – сакал да „се одмори“ од жената и децата

ОБЈАВЕНО НА:

#ОстаниДома за некои може да биде по малку и проблематично, па „да пунете“ од досада или нервоза. Тогаш треба да најдете некоја занимација што ќе ве релаксира и така ќе го потрошите квалитетно времето додека мине забраната за излегување. Секое излегување од домот без сериозна причина значи и ризик од казна. Ако ве „фати“ полицијата ќе треба да имате дебело објаснување зошто сте излезени.

Тогаш на сцена стапува вашата снаодливост и обидот да се извлечете без казна. Едно лице во Англија едноставно не можело да остане дома и решило да се повози со неговиот автомобил. Возач на BMW бил запрен од полицијата на aвтопатот А30 во близина на Лаунстон, Корнвол, во Велигденската недела, откако се решил да вози растојание од над 200 км. Причината? Да „се одмори“ малку од неговата сопруга и децата.

Дури и да се прифати дека неговите постапки се малку разбирливи, сепак тие се во спротивност со владините упатства кои предвидуваат дека треба да патувате само доколку е апсолутно неопходно и од суштинско значење – како на пример возење за купување храна или лекови или возење на работа ако не сте во можност да работите од дома.

Локалната полиција го потсети возачот на правилата, а подоцна и „твитна“ за инцидентот сакајќи да им даде пример на другите како не треба да се постапува.

Се разбира има и други слични инциденти. Близу Бодмин, друг возач бил фатен како управува возило а нема потреба од тоа, само што овојпат неговото комби речиси се распаднало. Друг возач со возилото се движел во тој регион за да собере чамец, а потоа се срушил патувајќи на удолница од еден рид.

Последните два инциденти се случиле откако еден возачот бил фатен како се вози над 180 км на час на автопатот М25 во близина на Лондон.
Откако бил запрен, возачот рекол дека се обидува да избегне фаќање коронавирус, велејќи им на полицијата:
„Мислев дека колку побрзо ќе одам, толку помалку шанси да фатам коронавирус“.

Се разбира ниту едно од образложенијата не помина кај полицијата па сите добија казна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK