Германија најголем светски извозник на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Додека парите за 2020 година се’ уште се пребројуваат, познато е колку пари инкасирале земјите во 2019 година од извозот на автомобили. Очекувано, како и години наназад, најголем извозник на нови автомобили е Германија. Во 2019 година вредноста на извозот достигна 142,3 милијарди американски долари. Тоа е многу повеќе од второпласираната Јапонија чиј извоз достигна вредност од 98 милијарди долари.

На третата позиција се наоѓа САД со вкупен извоз од 56,2 милијарди долари. Четвртата позиција е резервирана за нивниот јужен сосед Мексико (49,7 милијарди долари), додека на позицијата број 5 се наоѓа северниот сосед, Канада (40,7 милијарди долари).

По Јапонија, најголем азијски извозник е ЈУжна Кореја чиј вкупен ивоз изнесува 40,5 милијарди долари. Изненадувачки, Белгија е на делба на седмата позиција заедно со Велика Британија чиј извоз изнесува 38,6 милијарди долари. Во најдобрата десеторка се наоѓаат уште Шпанија со вредност на извозот од 35 милијарди долари и Словачка со вредност од 23,9 милијарди долари.

Иако во Кина во 2019 година беа произведени 25.720.665 нови автомобили, оваа земја не се наоѓа на листата од топ 15 земји најголеми извозници. Тоа е така бидејќи повеќе од 99% од производството е наменето за домашниот пазар. Оттука од 11 до 15 позиција се наоѓаат Франција, Чешка, Италија, Турција и Шведска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK