Ф1 тимот на Mercedes направи уред – замена за респираторите

ОБЈАВЕНО НА:

Формула 1 ги собира најдобрите инженери и има можеби најнапредна технологија, а тоа го покажа тимот на Mercedes. Тие за помалку од една седмица направија апарат за помош при дожењето што може да им помогне на пациентите да избегнат лежење на интензивна нега.

Според пишувањето на BBC Веќе 40 нови уред се испорачани во четири лондонски болници. Ако тестирања минат добро, Mercesdes AMG може дневно да произведе до 1.000 такви уреди. Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи во Британија веќе дала одобрување за нивна употреба.

Уредот овозможува непрекинат проток на смеса на воздух и кислород во устата и носот на пациентот. Тоа се врши под притисок, што значи дека белите дробови остануваат отворени и така се зголемува количеството кислород кое влегува во нив.

Така се намалува напорот потребен за дишење, особено кога се ослабени алвеолите поради коронавирусот. За разлика од едноставната маска за лице поврзана со резервоар со кислород, овој нов апарат, т.н ЦПАП испорачува воздух и кислород под притисок, така што мора да постои маска која цврсто стои на лицето на пациентот, преку носот и устата, или се изработува провиден шлем над главата.

Здравствемните експерти сметаат дека ова е многу подобро решение од респиратор, бидејќи е помалку интензивно од респирато. Пациентите кои се на апарати за дижење мора да бидат постојано под седативии имаат вметната цевка во дишните патишта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK